Испечати

Празнична погача со сирење

Празнична погача со сирење

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 150 гр млеко
  • 150 гр јогурт
  • 1 јајце
  • 5 лажици масло за јадење
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица шеќер
  • 200 гр сирење
  • 1 сув квасец

Подготовка

Во вангличе просејте брашно. Во брашното ставете квасец, сол, шеќер, јогурт, млеко, јајце и масло за јадење. Замесете тесто. Оставете да стаса.
Од тесто направете 8 топчиња, во секое топче ставете сирење. Наредете во тавче.
Следно направете еден поголем круг ставете го во средина. Кругот сечете го од средина само не до крај, со испаднати триаголни листови покријте ги топчињата. Направете уште еден круг помал, ставете го во средина сечете пак на триаголници, триаголниците ставете ги помеѓу топчиња. Од останато тесто направете голема топка, врз големата топка направете плетенка, покријте ја топката и ставете во средината на погачата. Погачата оставете да стаса 20 минути. Премачкајте со јајце и наросете со сусам и афион.