Испечати

Салама или бомбици со орео колачи и ореви

Салама или бомбици со орео колачи и ореви

Состојки

  • 2лажици шеќер
  • 4лажици млеко
  • 40гр путер
  • 100гр бело чоколадо
  • 150гр орео кекси
  • 70гр печен орев

Подготовка

Во касерола ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, чоколадото, путерот.
Од кога смесата ке се изедначи тргаме од оган.
После 5 минути, малку да подизлади додаваме кршени орео колачи и сецкани ореви.
Соединуваме убаво и оставме во фрижидер 15 минути.
Потоа формираме бомбици кои ги валкаме во шарени трошки, или смесата ја стааваме во калап обложен со фолија, оставаме да се стегни, па сечеме на парчиња.
Сакав да добијам поголем контраст бело, црно, но не бев задоволна од изборот на белото чоколадо.Во секој случај се многу вкусни колачиве