Испечати

Милиброд со џем од шумско овошје

Милиброд со џем од шумско овошје

Состојки

  • 500мл. млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1кг брашно (и по потреба)
  • 2 лажици свинска маст
  • 100гр. шеќер
  • 4 јајца
  • кора од еден лимон
  • За фил
  • 100гр. мелени ореви
  • по потреба џем од шумско овошје

Подготовка

Ставете го квасецот да нарасне со по 1 лажица шеќер и брашно и 2-3 лажици млеко.
Во посебен сад се ставаат сите состојки, освен квасецот и мармаладот. Се додава нараснатиот квасец.
Се замесува тесто и се остава околу 30 минути на нарасне. Потоа, се меси уште еднаш и се дели на 3 еднакви дела. Секој дел се расукува како кора и се премачкува со мармалад и се поросува со мелени ореви.
Од добиените кори се формираат ролати кои се ставаат во претходно премачкан плех со масло за јадење и се остават уште 20 минути да нараснат.
Потоа се премачкуваат со разматена жолчка и се посипуваат со шеќер. Ролатите се печат 40 минути на температура од 180 степени.
На здравје!