Испечати

Видео рецепт: Рибен бургер (посно)

Видео рецепт: Рибен бургер (посно)

Состојки

  • За БУРГЕРОТ ќе ви треба:
  • Повеќе видови на риба (200 гр. лосос, 150 гр. ослиќ)
  • 2 парчиња инчуни
  • Бел бибер
  • 1 перце млад лук
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2 лажички соја сос
  • Прстофат рузмарин
  • Ќе ви треба и:
  • Посен мајонез
  • Малку рукола
  • 1 домат
  • Леб за бургер

Фичо ќе подготви одличен бургер, за кој нема да верувате дека е посен. Одличен рецепт за сите кои постат, а јадат риба.

Подготовка

Чекор 1: Рибата исечкајте ја на парченца и ставете ја во сецко. Додадете ги инчуните како замена за сол и додадете бел бибер. Ситно исечкајте перца од млад лук и чешне од еден лук и додадете ги во сецкото. Додадете го брашното, црвениот пипер, соја сосот и рузмаринот.

Чекор 2: Откако убаво ќе ја исечкате рибата префрлете ја во сад за матење. Додадете маслиново масло и мешајте додека смесата не престане да се лепи на прсти. Треба да мешате минимум 10 минути. Најдобро е смесата да отстои 24 часа на температура од 10-12 степени.

Чекор 3: Формирајте ги бургерите и пржете ги во маслиново масло.

Чекор 4: За формирање на сендвичот во долниот дел од лепчето нанесете го посниот мајонез, доматот, малку кромид, бургерот од риба, рукола, посен мајонез и лепче.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Совршен спој со риба е лук, потрудете се да не го одминете при подготoвка на овој рецепт.