Испечати

Пилешки бургер со фант

Пилешки бургер со фант

Состојки

  • За бургерот
  • 500 гр. пилешки стек
  • 1 пакетче фант за ќебапи и плескавици
  • 70 мл. вода
  • 1/2 мала лажичка сушена мајчина душица
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • 1 главица кромид
  • 4 листа марула
  • 4 лепчиња за бургер
  • За помфрит
  • 3 средни компира
  • 3 големи моркови

Подготовка

Фантот се раствора во 70 мл. млака вода и се остава 5 минути. За тоа време стекот, 1/2 пиперка, 1/4 главица кромид и мајчината душица се ставаат во блендер и се мелат. Потоа се додава готовиот фант, се оформуваат 4 плескавици и се печат во грил тава по 5 мин. на секоја страна.
Лепчињата се сечат на половина и исто така се запекуваат во истото тавче каде што се печеа плескавиците.
Врз долниот дел од лепчето се става еден лист марула, потоа се става плескавицата, над неа кругови домат, кромид и пиперка.
Помфрит
Компирите и морковите се лупат и се сечат како за пржење и се пржат во врело масло.