Испечати

Печено пиле со зачини

Печено пиле со зачини

Состојки

  • 1 пиле од 1кг.900гр.
  • сол по желба
  • 4-5 лажици зејтин
  • 1 1/2 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче рузмарин во прав
  • 1/2 лажиче мајчина душица во прав
  • 1/2 лажиче жалфија во прав
  • прстофат шеќер

Подготовка

Пилето убаво измијте го и исушете го со кујнска хартија. Посолете го од внатре и од надвор. Премачкајте го од сите страни со зејтинот.
Зачините измешајте ги па со оваа мешавина истријте го пилето од сите страни.
Печете на 180 степени во претходно загреана рерна 80 мин. Откако ќе се испече пилето, оставете го да одмори половина час па сечете парчиња и послужете.

Комбинацијата на овие зачини одлично се вклопува со пилешкото месо. Кој не го сака вкусот на мајчина душица или жалфија може да ги замени со кари и оригано. Пробајте ја и таа комбинација, исто е добра. За оние кои се по пикантните јадења, дел од црвениот пипер може да го заменат со кајенски пипер.