Испечати

Бисквитна желе торта (без печење)

Бисквитна желе торта (без печење)

Состојки

  • 1 кг бисквити
  • 400 гр желе
  • 5 жолчки
  • 500 мл млеко
  • 500 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо
  • 1 маргарин
  • 2 пакетчиња шлаг крем од ванила

Подготовка

1. Најпрво се сецкаат желе бонбоните на поситни парчиња, се потопуваат во рум и се остава да одстојат додека се спрема другиот дел од тортата.
2. Во поголем сад се кршат бисквитите на средни парчиња.
3. Млекото и шеќерот се зовриваат, а потоа се додаваат маргаринот и чоколадите. Се вари додека да се растопат чоколадите и маргаринот, се трга настрана малку да се олади (да не биде ниту многу жешко ниту многу ладно).
4. На пареа се матат жолчките.
5. Желето се цеди од румот и се додава во садот со бисквити, кон оваа смеса се додаваат и жолчките и се меша колку да се залепат жолчките за бисквитите.
6. Постепено се додава млекото, постојано мешајќи со рацете.
7. Готовата смеса се префрла во калап, шлаг кремот се приготвува според упатството дадено на пакувањето и се премачкува тортата. Се украсува по желба.

* Пожелно е додека ја мешате целата смеса, малку да ги гмечете и бисквитите со цел поубаво да омекнат и да се добие убава кашеста смеса, меѓутоа не е потребно сите бисквити да се изгмечат.
* Наместо шлаг крем, можете да ги искористите белките кои што ви останале од жолчките и од нив да направите шлаг, но јас користев шлаг крем од ванила поради убавиот вкус кој го дава на самата торта, на вас е како и да си одлучите нема да згрешите.