Испечати

Витлерчиња (посно)

Витлерчиња (посно)

Состојки

  • 500 гр суви смокви
  • 500 гр урми
  • 200 гр мелени ореви
  • 100 гр рендано чоколадо (посно)
  • 4 лажици мармалад
  • 100 гр печени лешници
  • 300 гр чоколадни трошки

Подготовка

Прекрасна форма, а и вкус имаат овие колачиња. И што би рекла мојата пријателка Горде, од која ми е рецептот „ излегуваат многу, па затоа е добро да се прават во друштво, а и да се јадат во големо друштво“.

1. Урмите и смоквите се мелат во сечко, а може и на машина за мелење месо.
2. Се додаваат оревите, чоколадото и мармаладот и сето се меша да се изедначи смесата.
3. Се прават цилиндрични форми, како витлерчиња.
4. На краевите се става по половина лешник и потоа се валкаат во чоколадни трошки.