Испечати

Фокача со шери домати и рузмарин и намаз од лук

Фокача со шери домати и рузмарин и намаз од лук

Состојки

  • 450 гр. брашно
  • 450 гр. вода, млака
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 2 пакетчиња сув квасец
  • 150-200 гр. шери домати
  • 3 лажици маслиново масло
  • сув рузмарин
  • малку сол
  • Намаз (Дип)
  • 200 гр. кисела павлака
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 чешниња лук
  • малку црвен пипер
  • сол, бибер

Подготовка

За фокачата, во еден подлабок сад ставете го брашното, 2 лажички сол, шеќерот, сувиот квасец и со постојано мешање со дрвена лажица додавајте ја водата. Убаво измешајте за да нема грутчиња. Затворете го садот со фолија и оставете 4-5 часа во фрижидер да надојде тестото.
На хартија за печење, во една подлабока тава, истурете го тестото. Притоа, најдобро е тестото што помалку да го мешате за да остане сунѓересто. Покријте со крпа и оставете го да мирува околу 40-50 минути на собна температура.
Шери доматите исечете ги на пола. Тестото попрскајте го со маслиново масло и одозгора ставете ги доматите. Наросете сув рузмарин и посолете и ставете да се пече на 200°С околу 20-тина минути или додека фокачата не добие златно-жолта боја.
Кога ќе е печена, извадете ја од тавата заедно со хартијата за печење и оставете 20-тина минути да се олади па потоа сечете.

Намаз (Дип)
Во еден сад ставете ја павлаката, мајонезот, сокот од свежо исцеден лимон, додадете го лукот ситно исецкан (најдобро низ преса за лук), ставете малку црвен пипер, посолете и побиберете и убаво измешајте.

Фокачата е од внатре многу мека и сунѓереста а од надвор крцкава. Јас најчесто ја спремам за вечера и овој намаз одлично одговара со неа. Може да се служи и како прилог на свежа салата.