Испечати

Пржени питулици на мој начин

Пржени питулици на мој начин

Состојки

  • 700 гр брашно
  • 2 јајца
  • 0,5 л топла вода
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 30 гр свеж квасец
  • 1 лажичка ракија

Подготовка

Во подлабок сад просејте го брашното и направете вдлабнатина на средина.
Истурете ја топлата вода и во неа додадете го шеќерот и издробениот квасец.
Промешајте додека квасецот не се растопи, па потоа додадете ги и останатите состојки.
Со жица убаво измешајте хомогено, многу меко тесто и оставете го на топло да се дуплира.
Во подлабок сад загрејте најмалку половина литар масло.
Со намастена лажица земајте од надигнатото тесто и пржете ги кратко време од двете страни додека не добијат убава златна боја.
Готовите питулици, одложете ги на хартиена салвета за да се упие вишокот мрснотија и служете ги со сирење или намакајте ги во шеќер во прав.

* Тука го применив советот на Алексовска. Во маслото при пржењето додадов 3-4 зрна грав за да не потемнува маслото додека се пржи. Многу успешно! Миленче ти благодарам! ***

Овие питулици беа моја импровизација за раѓањето на внукот, кој ни го подари самата Нова Година, наместо крофни, мекици, лангиди и сл. работи... радосната тетка сама импровизираше за да ги почасти пријателите во близина, соопштувајќи им ја радосната вест )))