Испечати

Полнети корнети со чоколаден крем

Полнети корнети со чоколаден крем

Состојки

  • 1 пакување мини слатки корнети
  • 200 г црно чоколадо
  • 3 лажици какао
  • 100 мл вода
  • 250 г путер
  • 250 г прав шеќер
  • 1 ампула течен екстракт од рум или ванила (по избор)

Подготовка

Се топи чоколадото измешано со какаото и водата. Се остава малку да се излади. За тоа време се мати маргаринот со прав шеќерот, да добиете пенеста смеса. Може да додадете и екстракт од чоколадо или ванила, па се меша и му се додава полека чоколадото, со постојано матење со миксерот. Се остава филот да се стегне малку во фрижидер. Потоа се полни во готварски шприц и со него се полнат корнетчињата. По желба може да се натопат врвовите од корнетите во топено чоколадо, па да се налепат со сечкани фстаци, ореви, лешници и сл.