Уште една варијација на ќофтињата од тиквица. Ова е начинот на кој најчесто ги подготвувам.
1. Тиквичките излупете ги и изрендајте ги на ситната страна од рендето. Посолете и оставете ги 15тина минути да ја ја испуштат течноста. Потоа убаво истискајте ги и ставете во подлабок сад. Лукчето ситно згмечете го со алатка (или изрендајте го на ситната страна) и додадете кон тиквичката. Додадете го јајцето, убаво промешајте и во зависност колку е течна смесата додадете брашно. Тиквичките треба да бидат убаво истиснати за да нема вишок течност, па нема да има потреба да се додава премногу брашно и ќофтињата да бидат тестести. Во смесата додадете и 1-2 лажици зејтин.
2. Следниот дел е по избор, можете веднаш да пржите или да додадете состојки плус или зачини по желба и да имате различни ќофтиња. Се одлучив во половина смеса да додадам сирење, а во другата половина суво нане. Како и да одлучите нема да погрешите. Измешајте убаво да се соединат и потоа со помош на лажица формирајте форми и пржете на убаво загреан зејтин.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани