Лебот искинете го на мали парчиња.
Додајте ја ренданата тиквичка, јајцата, магдоносот, пармезанот, куркумата и копарот.
По потреба додајте мешан сув зачин и црн бибер и со рака убаво умесете ги состојките.
Со намрснати раце земајте од смесата и формирајте ќофтиња.
Пржете ги во загреано масло додека убаво заруменат.

Ние ги јадевме со мешавина од јогурт и малку мајонез со ситно сецкан власец, но можете и само со јогурт, павлака, кисело млеко..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани