Павлаката ја мешаме со квасецот и земаме 2 лажици од шеќерот додаваме во павлаката мешаме. Оставаме на топло место додека да ги спремаме останатите состојки. Брашното заедно со маргаринот го протриваме со рацете го додаваме преостанатиот шеќер, нотка сол, јајцата и ја додаваме павлаката со квасецот го месиме тестото.
Потоа го покриваме со кујнска крпа и оставаме да отстои 20 минути.
Го земаме отстоеното тесто го развлекуваме на набрашнета површина со дебелина околу 5 мм. Со округол калап со околу 6-7 см вадиме парчиња.

Од јаболките кои претходно сме ги излупиле и исекле на кришчиња земаме по едно. Ставаме на половина од кругот на тестото, а со другата половина преклопуваме врз јаболкото. Така постапуваме додека да го потрошиме тестото ги редиме во намрсен плек. И печеме во претходно загреена релна на 210 степени околу 18 до 20 минути. Топли ги валкаме во прав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови