1. Во длабок сад се става шеќерот и ја додаваме газирана вода. Со лажица мешаме додека шеќерот не се растопи.
2. Во брашното ги дадаваме пецивото, ванилата и сода бикарбона и заедно со зејтинот истураме во длабокиот сад. Мешаме додека смесата не се соедини убаво.
3. Половина од смесата ја истураме во плехче број 32, намачкано со зејтин.
4. Во другата половина додаваме какао. Мешаме додека смесата не стане кафеава.
5. Во лажица истураме врз белата смеса.
6. Го протресуваме плехчето и го ставаме во загреана рерна на 200 степени.

Јас овој пат го правев во калап и на половин доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани