Во сад на пареа ставете го чоколадото и путерот да се топат.
Во сад за матење изматете ги јајцата, жолчките и шеќерот.
Откако ќе изматите додајте го растопеното чоколадо и путерот.
Убаво измешајте и на крај додајте го брашното.
Убаво соединете ја смесата и ставете ја во правоаголно плекче обложено со хартија.
Печете на 180 степени, 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани