Млекото заедно со шеќерот се става во тенџере на оган да зоврие. Се додава маргаринот да се стопи, а потоа се додава алвата здробена на ситно и на крај чоколадото искршено на коцки. Се меша на тивок оган додека сите состојќи не се растопат и не се добие хомогена чоколадна смеса. Тенџерето се трга од оган и со помош на црпалка од филот се нанесува врз секоја обланда колку да се пополнат празнините . Постапката се повторува со сите обланди така да накрај исто се zавршува со фил. Се остава да се излади неколку часа а потоа се сече. Декорираме со растопено бело чоколадо и бели цветови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови