По желба може да се додадат и сецкани крем-бананчиња, суво грозје или желе-бонбони во калапите, пред да се истури во нив стопената чоколадна смеса. Јас во овој рецепт додадов ситно сецкани крем-баначиња, сецкани лешници, сецкани желе-бонбони и мелени бели несолени кикиритки за колачи. Тоа го има прикажано и на сликите.

Подготовка 
1. Во два различни сада одделно се топат двете смеси (црна и бела) на пареа, односно се топи чоколадото помешано со еуро-кремот и зејтинот, без да вријат со постојано мешање.
- Топењето трае околу 3-4 минути.
2. Откако ќе се стопи се додаваат оревите или кикиритките и се заедно се меша.
3. Ако се сака (по желба) во претходно подготвените силиконски калапи или пак книжни корпици (од најмалите) се ставаат ситно сецкани лешници, чоколадни бананчиња или слично.
4. Потоа со оваа смеса се полнат книжните корпици или пак силиконски калапчиња и се оставаат да се изладат .
5. Се вадат од силиконските калапи и така изгледаат во формата на силиконските калапи.
........Декоративни се ,брзи се и многу вкусни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани