Пандишпан
Јајцата и шеќерот се матат убаво со миксер. Откако ќе се изматат се додаваат оревите, какаото, брашното и пецивото и се мати уште 2 минути колку да се соединат состојките. Се става во плех обложен со хартија за печење ( моето беше округло 32 бр) и се пече.

Фил
Додека пандишпанот се лади се подготвува филот.
Жолчките се делат од белките. Жолчките се матат со 250 гр шеќер во прав и се ставаат на пареа околу 5 минути постојано мешајќи со миксерот. Додека жолчките се ладат се топи и чоколадото на пареа и се остава да се лади. Откако жолчките и чоколадото ќе бидат средно изладени во цврст снег се матат белките со 100 гр шеќер во прав. Во оладените жолчки се додава маргаринот и се мати додека се соедини. Во смесата од жолчки се додаваат изматените белки и растопеното чоколадо и се мати околу 3 минути додека не се направи убав крем.

Глазура
На пареа се топи чоколадото со 1 лажица масло, откако ќе се растопи се додава млекото, се остава уште 2-3 минути и се трга настрана. ( Количината на млекото може да варира во зависност од тоа какво чоколадо ќе ставите, а исто така доколку сакате повеќе глазура на тортата можете да ставите и повеќе чоколадо).

Бидејќи тортата не беше за некоја пригода, јас ја филував така што врз пандишпанот го ставив филот, и најгоре глазурата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови