Во сад на оган се става путерот да се растопи, па се додава шеќерот и млекото.

Од како ќе се растопи шеќерот се додаваат оревите, бисквитите и чоколадото за готвење.
Смесата се вари на тивко со привремено мешање. На крај се додаваат јајцата се промешува, се трга од оган да излади малку.
Во калап за ролат се става фолија, се става обланда која предходно ја исеков според ширината на калапот.
Врз обландата се става рамномерно од смесата, се редат ресани една до друга.
Истата постапка се повторува уште еднаш и се завршува со обланда.
Се става во замрзнувач да стегне 3-4 часа.
Се декорира по желба.
Јас за декорација користев 100 гр чоколадо растопено и наросив со трошки
Добар апетит.
Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани