Секоја година по 8 март, со колешките одиме на викенд, малку да прославиме, малку да одмориме, а најмногу да се дружиме. Секоја носи по нешто за јадење, па таму се се вади и забавата почнува... врв беше кога Лиле го извади чипсот од суви пиперки, ги снема за миг...
Рецептот е многу едноставен, ама идејата е одлична.
Сувите пиперки не се мијат, не треба да примат влага, само убаво се пребришуваат со чиста, влажна кујнска крпа.
Се сечат на парчиња.
Маслото се загрева на средна температура и се ставаат пиперките да се пржат. Најбитно е цело време да се меша, да не изгорат.
Се пржат кратко време, 3-4 минути.
Се вадат од тавата на хартија, да се исцеди вишокот масло, се посолуваат и тоа е тоа. Кога ќе ги извадите, тие ќе бидат сеуште меки, ама кога ќе се изладата се стврднат. Вкусот им е незаменлив...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови