Прекрасна комбинација од вкусови- неутрална подлога со бисквити и путер од кикирики, ганаш со црна чоколада, крем од сирење и сецкани кикирики и “солен”карамел.

Вака се подготвува

1. Бисквитите се мешаат со путерот од кикирики и малку млеко за да се добие компактна смеса која се расплескува во калапот во кој ќе ја правите тортата (мојот калап беше со димензии 16см ). Еден дел од оваа смеса употребив за мали бомбици, извалкани во сецкани кикирики со кои ја украсив тортата.
2. Павлаката се загрева до вриење, садот се трга од оган, се додава искршеното чоколадото и се меша додека не се растопи. Кога ке се подолади смесата се прелева преку слојот од бисквити и се става во фрижидер да се стегне.
3. Јајцата се матат на пареа со шеќерот за да се добие густ крем. Се трга од оган и кога ќе се олади се додава крем сирењето, желатинот (растопен во малку врела вода) сецканите кикирики, ванила и изматената слатка павлака. Оваа смеса се додава врз стврднатиот слој од чоколадо.
4. Од шеќерот се прави светол карамел. Се трга од оган и внимателно се додава павлаката. Се меша на тивок оган додека не се растопи шеќерот и не се добие густ крем. На крај се додава прстофат сол. Оладениот карамел се прелева преку тортата, најдобро пред служење.
5. Оставете ја убаво да се олади во фрижидер пред служење
* шољата е од 240 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани