Иситнете ги колачите во сецко или пак едноставно ставете ги во кеса и со тврд предмет издробете ги убаво.
Стопете го маргаринот и додадете го во издробените колачи.
Измешајте убаво и рапслескајте ја смесата во намастен калап за тарт рамномерно по дното и страните.

Изматете ги јајцата со шеќерот, додека истито се растопи. Додадете го екстрактот и рикота сирењето и матете уште малку додека не добиете убава кремаста структура.
Смесата сипете ја во тавата обложена со подлогата.
Ставете да се печи на 160С околу 25 мин. Кога малку ќе насрасни и зацврсти, веќе е готово. Оставете да се лади додека го спремате преливот.

Содржината од кесичката растворете ја со половина вода од таа која налага упатството. Оставете кратко и од време на време мешајќи да почни да се згуснува и со неа прелијте одозгора. Предходно изецјакте ги јаготките и наредете ги врз печениот чизкејк.
Ставете во фрижидер убаво да се стегни пред да ја послужите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани