Сите состојки за тестото добро се мешаат и се остава покриено малку да стаса, да стани меуресто.
Тестото не се премесува.
Во мало тенџерче се загрева маслото како за пржење крофни, со две лажички, или со малата лажица за сладолед се спуштаат топчина тесто во жешкото масло и се пржат додека да добијат убава златна боја. Пред секое земање од тестото, лажицата на момент се потопува во жешкото масло за да не се лепи.
Фритулите се вадат на хартија да се исцедат од маслото, па жешки се посипуваат во прав шекер.
Се разбира, најдобри се топли.
Јас понекогаш, наместо бадеми ставам еднакво количество рендано јаболко, и тогаш ги посипувам и со малку цимет, исто се многу добри. Тестото не е чврсто, како за крофни, некако како за тиганици повеке.
За тесто исклучиво користам жолти, брашнести компири. Ако немате време да варите компир, направете инстант пире со густина како пасиран компир, разлика нема во крајниот резултат.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани