Ова фонду се прави од два вида швајцарско сирење, но и комбинацијава од гауда и ајдамер не е воопшто лоша.

Кашкавалот изрендајте го и промешајте го заедно со брашното.
Садот во кој ќе го приготвувате фондуто премачкајте го со лук и ставете го виното да се загрева. Кога ќе почне да испарува (да не врие) со постојано мешање додавајте го кашкавалот. Мешајте постојано додека не почне да се појавуваат меурчиња.

Смесата ставете ја во сад за фонду или доколку немате (како мене) импровизирајте. Јас го искористив металниот подметач за жешки садови и под него ставив мала свеќичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови