Обландата се сече на три по должина на калапот (ако немате калап може да се послужите со картон, а на краевите да се стави ластичиња)
Во сад на оган се става водата и шеќерот да зоврие. Потоа се додаваат маргаринот и чоколадота да се стопат. Се трга од оган и се додаваат бисквитите и оревите и се меша убаво да се соедини смесата. Во калапот странично се ставаат листови обланда и се става фил 1/4, потоа се редат крем бананите и се става останатиот фил. Одозгора се става (се затвара) една обланда, потоа се остава неколку часа во фрижидер за да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови