Јајцата добро ги матиме заедно со шеќерот додека добро се згусти смесата. Го додаваме зејтинот и со миксерот промешуваме колку да се измеша со смесата. Го додаваме млекото или киселата вода. Јас ги правев со млеко. Пецивото го додаваме во брашното, го промешуваме. Постепено додаваме од брашното и на послаба јачина од миксерот уработуваме да не останат грутчиња од брашното.

Тостерот го вклучуваме на 2 или 3 зависно како ви пече апаратот. Внимавајте да не ставате премногу од смесата, за да не ви се залепат при печењето како во мојот случај, Времето на печење околу 3 минути.
Ги правеше ќерка ми овојпат и сакаше да не и асистирам, па затоа не се многу убави на лик. Ама беа секако вкусни. Овој пат не ги филувавме, а секако можете ако сакате со фил по вкус, кремче или мармалад. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани