Крем црн: 200 мл млеко, 200 гр мелени ореви, 7 жолчки, 8 лажици шеќер во прав, 100 гр чоколадо, 150 гр маргарин.

Подготовка на пандишпанот.
1. Се матат белките со шеќерот и на крај се додава сокот од лимон или оцедот.
2. Оревите се ставаат врз хартијата за печење во тавата и врз нив се порамнуваат матените белки.
3. Испеков 2 вакви кори, а во едната кора додадов и малку розова боја во прав за да добие малку боја кората (поинтересна е за децата).
4. Се става во загреана рерна на 200 С и веднаш се намалува на 150 С, се пече 10-15 мин и се намалува на 120 С и се пече уште 40-50 мин.
- Јас тортата ја печев во тава од рерната, а потоа од неа исеков 2 круга (еден помал и еден поголем, затоа што сакав таква форма на тортата, па поисплатливо ми беше да не печам во 2 тави). Може и да не се сечат кругови и да се исфилува целата торта за да биде со четвртаста форма. Но јас овде се рашив за ваква форма.

Подготовка на белиот крем
1. Во врелото млекото со шеќер се ставаат претходно растворените пудинзи заедно со изматените жолчки и ванилите. Се вари крем.
2. Се трга од огинот, се додава искршеното чоколадо и се меша додека се растопи.
3. Откако ќе се излади се изедначува со претходно изматениот маргарин.

Подготовка на црниот крем.
1. Мелените ореви се попаруваат со врело млеко.
2. Жолчките со шеќерот се матат и се варат на пареа и во нив се додава чоколадото.
3. Додека се топли се мешаат двата фила (со оревите и жолчките).
4. Се лади кремот, па му се додава претходно матениот маргарин.

Тортата се реди
- Пандишпан розов (се свртува кората со оревите нагоре и врз нив се премачкува еурокремот)
- Растопен бел еурокрем (се премачкува тортата со него)
- Жолт фил
- Кроасани
- Црн фил
- Пандишпан бел (се свртува кората со оревите нагоре и врз нив се премачкува еурокремот)
- Растопен кафен еурокрем (се премачкува кората со него)
- Жолт крем (се премачкува целата торта)

На овој начин ги редев и помалата и поголемата торта, ги ставив една врз друга и на крај ги полеав со 250 гр растопено чоколадо со 4-5 лажици масло. Ова го направив бидејќи сакав да ја покријам тортата со фондан бидејќи филовите се меки и не би можеле да ја издржат тежината на фонданот, а со чоколадирањето тортата се фиксира и станува поцврста за обложување со фондан.

По повод роденденот на керка ми, јас тортата ја направив со новогодишен изглед,се разбира на нејзино барање !
Свеќите од фондан се најозгора на тортата поради роденденот, а бидејќи тој е само неколку дена пред Нова година, тортата ги содржи и Дедо Мраз, неговиот импровизиран ирвас, поларната бела мечка и пингвин, како и разиграните Снешковци во разни пози !

Тортата е многу убава иако е малку покомплицирана. Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани