Кога сите комплицирани десерти ќе ви здодеат еве една лесна торта од кроасани која нема да ве намачи многу за подготовка. Само треба да бидете трпеливи до наредниот ден за да го испробате вкусот на оваа превкусна торта.
1. Во тенџере на оган ставте 800 мл млеко и 10 лажици шеќер. Промешајте шеќерот да се растопи и оставте да почне да врие.
2. Пудинзите измешајте ги со преостанатите 200 мл млеко. Откако мелкото ќе почне да врие додајте ги пудинзите и мешајте додека да ја добиете потребната цврстина. Пудингот оставте го да се олади.
3. Во друг сад со миксер изматете ги маргаринот и шеќерот во прав. Откако ќе ги изматете додајте го оладениот пудинг и повторно матете да се соединат. Пудингот делете го на два еднакви дела.
4. На пареа растопете ги двете чоколади оделно. Во еден дел од пудингот додајте ја црната растопена чоколада, а во другиот белата растопена чоколада. Прво со миксер изматете го пудингот со белата чоколада потоа со црната чоколада.
5. На плехот каде ќе ја подготвувате тортата ставте најлонска фолија, но со краевите надвор за на крај да можете да ја затворите целата торта.
6. Најпрво на плехот ставте 16 бисквити, но секој бисквит прво натопете го во ладно млеко, па ставете го на плахот.
7. Над бисквитите ставте го црниот фил и распоредете го подеднакво над бисквитите.
8. Над црниот фил ставете ги кроасаните претходно пресечени на половина.
9. Над кросаните ставте го белиот фил и распоредете го подеднакво над кроасаните.
10. Над белиот фил ставте ги преостанатите 16 бисквити исто потопени во ладно млеко. Тортата затворете ја со најлонската фолија и ставте ја да преноќи една ноќ во фрижидер.
11. Наредниот ден на тортата отворете ја од најлонската фолија и со нож или со ножици пресечете ја најлоската фолија по краевите.
12. Во еден сад ставте го шлаг кремот или шлаг пената и додајте го млекото и шеќерот. Матете со миксер до потребната цврстина. Поввршината на тортата премачкајте ја со шлагот.
13. Чоколадото растопете го со 2-3 лажици масло и накапете го над целата торта. Тортата сечете ја по бисквитите како сто ги имате наредено сервирајте по желба. Добар апетит. 

Забелешка
1. Кога и да подготвувам пудинг за торта откако ќе го сварам секогаш и ставам најлонска фолија на површината за да не ми прави кора зошто ако направи кога ќе го избиете со маргаринот и шеќерот во прав ќе има грутчиња.
2. Кога ги наредив кроасаните над филот со лажица на секој кроасан и ставив по малку млако млеко за да не бидат тегави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани