Лесна за правење иако навидум не изгледа така, брза припрема... а уште побргу исчезнува од тацната... лесна, вкусна тортичка.
Ако не си погрешев модлата ќе беше баш права повисока торта, наместо бр.24 јас по грешка ја сместив тортата во 26 што не е мала разлика.
 
Пандишпанот
- Со миксер сматета ги белките со шеќерот, додадете го брашното измешано со пецивото. Измешајте и добиената смеса истурете ја во модла со подвижно дно (на откопчување) бр.24 постелена со хартија за печење. Ставете да се пече на 180-200 степени, околу 20-30 мин, (зависно од рерната).
- Нека зоврие млекото со ванилата, прелијте го врз печениот пандишпан кој сте го одвоиле од хартијата. Оставете да се олади.
Фил
- 400 мл млеко ставете во касеролата и нека зоврие, а за тоа време со миксер изматете ги жолчките и шеќерот. Зовриеното млеко полека истурете го во садот во кој сте ги сматиле жолчките, разбркајте и вратете назад во касеролата, ставете повторно на шпоретот и дозволете да проврие повторно. Постојано мешајте го со лажица. Штом зоврие веднаш тргнето го млекото од ринглата и во топло ставете го желатин фиксот- оставете нека се лади.
- Посебно сматете ја слатката павлака и во многу млаката крема додадете ја и добро измиксајте. Вака спреманиот крем оставете го да олади.
- Во потполно оладениот крем додадете ги изренданите колачи и чоколадата за готвење. Измешајте. Излијте го кремот врз пандишпанот, ставете го во фрижидер и дозволете да одстои најмалку 3 часа, потребно е да се целиот крем добро зацврсти. Извадете го обрачот на модлата, поставете ја веќе формираната торта на тацна. Декорирајте по своја сопствена желба, но бидејки носи име Снегулка... пожелно е да биде декорирана со сматена слатка павлака или шлаг пена.
Напомена
-Доколку не можете да најдете Желатин фик, тогаш едноставно земете 1 пакетче желатин во гранули исто така ставајки го топлиот крем и бркајте да се стопи.
- Доколку потешко ви оди рендањето на колачите, тогаш слободно исецкајте ги, ништо не смета.
- слободно може да се направи и како колач
Ако ја направите оваа торта сами ќе се уверите дека повеке време ви треба за да ја спремите, а многу малку додека ја снема.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани