1. На мрсна хартија со молив ги цртаме потребните слики, во овој случај пеперутки. Правиме неколку слики со цел, ако некоја се скрши да имаме резерва.
2. На водена пареа го топиме чоколадото и со помош на кујнско кесе ги цртаме пепрутките и други слики. Фигурите ги ставаме во фрижидер да се стегнат.
3. Пандишпан. Јајцата, шеќерот и ванилинот ги матиме со миксер и ги додаваме сите останати состојки и убаво ги промешуваме, потоа го делиме на два еднакви дела. Едната половина ја ставаме во тркалезна тава број 26 или 28 и ја печеме на 180 степени околу 20тина минути. Исто така правиме и со другата половина и се чекаме да се изладат.
4. Крем. Млекото се вари, а во чинија се раствара со малку вода густинот. Откако млекото ќе зоврие се додава густинот и непрекинато се меша додека не се добие густа смеса. Потоа се додава ванилинот и шеќерот и се меша за да се раствори.Филот треба да се излади, а путерот кој се растопи на собна температура се сецка на коцки и се микса заедно со филот.
5. Тортата се филува така - Пандишпан + фил + Пандишпан + фил и се украсува со чоколадните фигури.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани