Тестото со кикирики е од еден мој одамна запишан рецепт и го прилагодив за печење во тава бр. 26. Останатиот состав на тортата е целосно моја идеја.

1. Белките (на собна температура) се бијат со шеќерот, се додаваат сечканите несолени кикирики, брашното и пецивото. Се пече на 180 степени околу 30-тина минути.

2. За тоа време се прави путерот од кикирики. Се блендираат кикириките, се додава медот и маслото, се блендира додека се добие хомогена (со ситни грутчиња) смеса. Доколку е сува смесата по потреба може да се додаде мед или масло. Прашакот за крем шлаг од ванила се бие со ладното млеко и се соединува со путерот од кикирики.

3. Се добива фил кој се премачкува на изладеното тесто, а бидејќи овој фил има убава густина, може и со рака убаво да се доработи по краевите.

4. Жолчките се бијат на пареа со шеќерот во прав, се тргаат на страна, се додава белото чоколадо, и кога ќе се изладат добро се бијат со маргаринот.
Се бие погуст шлаг со ладното млеко, се соединува со претходниот фил од жолчки и маргарин и се премачкува врз филот со путер од кикирики.

5. Се бие шлаг пена или слатка павлака и тортата се украсува по желба, се посипува со сечкани и цели кикирики. Се лади во фрижидер. Пробајте и уживајте.

И да не заборавам дека автор на името на тортава е малата ми ќерка Ивана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани