Лебот го кршиме на ситни парчиња, потоа додаваме 2 матени јајца, урда, рендана салама, оригано и сол. Замесуваме хомогена смеса и месиме додека состојките се соединат.Од смесата формираме топчиња и ги ставаме во претходно изматени јајца и валакме во презла. Во тава на загреан зејтин ги пржиме топчињата од сите страни додека не заруменат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови