Колач што не одзема многу време, а е многу вкусен. Јаболката се лупат се рендаат и се ставаат во подлабок сад, се додаваат сите останати состојки и убаво се меша. Тавче број 30 се премачкува со масло и се посипува со брашно и се истура смесата се мазни убаво со рака и се остава 30 минути на собна температура. Потоа се пече на 200 степени додека на чепкалката нема ништо. 750 гр шеќер и 600 гр вода се вари шербет, но не многу густ. Откога ќе се излади тортата се полива со топлиот шербет и се сече по желба.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови