Моево дете колку што знам не е кинез, ама ориз обожава во секоја варијанта ))) Денес го спремив вака, па еве со вас да споделам. За вкус не коментирам нас ни се допаѓа, особено на детулево, тој за ориз никогаш нема да каже не чини )))
Лесно брзо и едноставно јадење, ќе ви се најде во недостаток на време .

Празот ситно се сецка и се става во тавче со малку масло. Се пропржува и се додава меленото месо.  зачинува по желба и со повремено мешање се крчка околу 15 мин и се додава смрзнатата златна мешавина и на крај оризот. Се пропржува додека испари целата течност и се додава водата. Кога ќе зоврие убаво се става во тава за печење и се става во загреана релна на 200 степени околу 40 мин (додека испари целата течност). И тоа е тоа. На крај уживајте во ручекот.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови