Зеленчукот го сечеме на појадри парченца.
Стекот исто така на коцкички го сечеме.
На загреано масло го пржиме кромидот.
Откако ја добие кристалната боја, се додава пилешкиот стек, па повторно се пржи.
Се така постепено се додава за на крај да остане зачинот и сенфот.
Промешуваме и додаваме вода да се прелие зеленчукот.
Вариме на тивко да се подвари стекчето и компирите.
Кога водата веќе е при крај зовриенка, варивото го префрламе во земјена тавичка.
Рерната ни е веќе затоплена и тавичката ја префрламе да се потпече.
Кога заруменува и е готов зеленчукот,
Ја вадиме тавичката од рерна и ја затвараме со рендан кашкавал.
Враќаме назад во рерна уште 5 минутки да се стопи кашкавалот.
Јадењето е готово.
Тавата треба да има жолта боја од сенфот.
Омилено јадење на мојата помала ќерка.
Направете,кажете дали ви се допадна.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови