1. Измијте го месото и комплетот за супа, ставете го во длабок сад. Додадете вода и сол по вкус,па оставте да се вари се додека не се свари месото.
2, Свареното месо заедно со комплетот за супа извадетего од водата и оставете да се излади..
3. Изладени сомелете ги на машина за мелење месо.
4. Во длабок сад, на мелената смеса додадетеги краставичките, кашкавалот ,фетата издробена со вилушка, мајонезот, сенфот и киселата павлака. Добро измесете го..
5. Од добиената смеса правете топчиња, отприлика колку големина на тениско топче. Во средината на секое топче ставете по една маслинка .
6. Во длабок сад изматтеги јајцата, а во посебни два длабоки садови ставете ги сусамот и презлата.
7. Маслото загрејтего во длабок сад/или ако имате фритеза може да послужи за пржење/.
8. Секое топче прпелајтего во презлата, се додека има смеса од месото.
9. Одреден број на топчиња, колку што ви бери садот со маслото, испрпелајте ги во јајцето, а потоа во сусамот,спуштетеги во маслото и пржете на умерена температура се додека не се добие златно-кафеава боја.
10. Извадете ги на хартиена салвета за да се впие вишокот на масло...
11. Кога ќе се изладат внимателно исечетеги на половина така што маслинката да има пресек преку пиперчето..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани