Најпрвo ќе го спремате филот, а потоа палачинките, а може и обратно.
Палачиките спремете ги по ваш рецепт или пак по овој што јас го спремам и тоа во меџик миксерот што не значи дека неможете со обичен миксер да ги спремате.
- Се става водата, брашното, прстовет сол и шекер, јајцето и зејтинот, лесно се разматува или со миксер сматете ги состојките. Печете ги во Делиманото тавчето за кое нема потреба зејтин или пак во лесно подмачкана тавка. Јас со салфета натопена во зејтин само преминувам преку тавката и толку е доволно.
Фил
- Сварете го месото, извадете, искостете и ситно исецкајте.
- Во касеролата ставете зејтин, ситно исецканиот кромид и лук и пржете го до негово застаклување. Додадете го исецканото месо, продолжете да пржите. Додадете го сенфот, промешајте и нека се пржи 2-3 минути, тргнете настрана, зачинете го.
- Земете една палачинка, ставете на средината 2 лажици од спреманото месо, премачкајте го со павлака, посипете со рендан кашкавал, повторно од месото, повторно павлака и повторно кашкавал и запакувајте во форма на пакетче. Така запакувајте ги палачинките додека имате фил.
- Пакетчињата поховајте ги премачкувајки ги со јајце, посипете со презла. Ставете во плекче послано со хартија за печење, ставете во предходна загреана рерна и нека се малку потпечат околу 5-6 мин. кое време е доволно, а се стопи внатре кашкавалот и да се спојат вкусовите.
Забелешка
- Јас бидејки печам во шпорет на плин доволно ми е тоа време погоре напишано, а вие познавајки си ги вашите шпорети прилагодете се.
-Послужете со салата, кисела павлака или со тоа што на вас најповеќе ви се допаѓа.
Ова може да биде комплетен ручек. Јас бев почнала ручек да правам со прилог од овој фил кој малку поинаку го спремам (нели велам требаше да биде прилог) па во последен момент се одлучив да го запакувам во палачинка.
- Ќе запакувате палачинки толку колку што има фил, ако ви се потребни повеке на број, тогаш дупло спремање. На мене една вака запакувана палачинка ми е доволно - калорично е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани