Еве од мене еден предлог за ужинка за на плажа.
Идеална е за деца, со јогурт или леден чај , а богами и со лименка ладно пиво за возрасни.
Тестото е фантастично меко, одлично е за работа.
Во количината на брашно може да има мало одстапување, се во зависност од структурата на компир пирето.
Напомената - во садот за месење се става компир пире во состојбата во која е во кесичката, значи претходно не се приготвува.

Начин на подготовка.
Во млакото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно,се промешува и се остава да се активира квасецот.
Потоа постепено во вангличката се додава солта, маслото, јајцето, компир пирето и на крај брашното.
Се измесува тестото кое не смее да лепи.
По потреба се додава посоп од брашно, се додека не се добие мазно тесто.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа тестото се дели на 30-35 мали топчиња.
Секое топче се расукува во мала долга, танка коричка.
Се нанесува од припремениот фил- (соединети јајце и сирење) во танок слој.
се завиткува по должина.
Се става во ростер тава за печење и се формира бастунчето.
Се постапува така со целото тесто.
Се премачкуваат со изматено јајце, се наросуваат со црн сусам.
Во релната се става прво првата тава која била наполнета со бастунчиња, па вторатта, па третата. Се печат по 15-20 мин.на 200 степени.
Уживајте во премекиот вкус на овие бастунчиња.
Кога замесив идеата ми беше да виткам поинакви кифли, но некако само ми дојде да формирам бастунче и не се покајав што така ги направив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани