1. Најпрвин го подготвуваме преливот. Ги матиме јајцата со солта, па ги додаваме преостанатите состојки, јогуртот, маслото, газираната вода и пецивото.
2. Во плек обложен со хартија ги редиме корите една по една и секоја ја намачкуваме од преливот и последната ја мачкаме малку и посолуваме со сусам.
3. Печеме во загреана релна на 200 степени 10 минути.
4. Топло го ставаме на влажна крпа, така делот со сусам да е одоздола и мотаме во ролат. Кога ќе олади се исправува и се премачкува со павлака, па се редат парчињата салама и кашкавал и потоа пак со павлака. И пак мотаме во ролат. Го ставаме малку во ладилник да одмори, потоа сечеме на парчиња по потреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови