Наведените состојки се за една кора. Доколку сакате голема торта - тогаш печете две кори, а ако сакате помала - тогаш правете една кора, филовите на половина од напишаните количини. По оригиналниот рецепт се пече во четвртаста тавка во големина од 46х31 см.
- Изматете ги белките притоа постепено додавајки го шеќерот. Откако се сматени додадете брашното измешано со пецивото, оревите и лебните трошки. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.
ЧОКОЛАДЕН ФИЛ
- Се матат жолчките со шеќерот додека побелеат, ставете ги над пареа и продолжете лесно да ги матете додека истите се сварат. Ќе познаете кога се готовои - смесата е веќе густа. Тргнете од огнот - додека е жешко додадете го чоколадото и мешајте додека истото се стопи или истото додадете го пред самиот крај, нека се стопи и тргнете да се олади.
- Пенесто изматете го маргаринот.
- Оладените жолчки изматете ги со миксерот - додадете кај маргаринот и матете со миксер додека се добро спојат. Оставете настрана.
КАРАМЕЛ ФИЛ
- Одземете 200 мл. млеко
- Карамелизирајте го шеќерот, додадете го остатокот од млекото (800 мл)и оставете да се вари се додека се стопи шеќерот. Во меѓувреме растворете го пудингот во одделенето 200 мл. млеко. Кога се стопил шеќерот - тргнете ја касеролата настрана, додадете го разматениот пудинг, измешајте - вратете назад на огнот да се свари. Оставете нека олади. (за цело време додека се вари можете да мешате со миксер или маталка - така смесата е баш добро измешана и без грутчиња)
- Пенесто изматете го маргаринот, во него додадете го млекото во прав и мелените кикирики. Измешајте добро.
- Со миксер повторно измешајте го сварениот карамел од пудингот, во него додавајте во неколку наврати од изматениот маргарин со млекото во прав и кикириките - нека се добро спојат сите состојки.
Филување според оригиналот
- Се постааува првата кора - се мачка 1/2 од чоколадниот фил, врз него целиот карамел фил, врз него - останатата 1/2 од чоколадниот фил. Поставете ја одозгора втората кора.
Прелејте ја со Ганаш глазурата... декорирајте по ваша желба.
Напомена
Јас печев половина од состојките, испеков две кори од по 4 белки... половина од состојките за фил. Ја филував така што врз првата кора го ставив целиот чоколаден фил, врз него целиот карамел фил... одозгора глазурата. Декорирав со чоколадирани кикирики и листови кои ги направив од чоколадирајки листови од трендафили, кога се олади ги вадите листовите и тоа е.....Наместо ганаш - можете да изматите шлаг, беланец или слатка павлака - декорирајте.
Оваа торта нека е частевка за Готварската книга која премногу ме израдува и премногу ми се допага како тоа го осмислиле и реализирале Тимот на Мои Рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани