300 г шеќер и 100мл вода се става на оган да проврие, кога ќе проврие се додава пола маргарин(125гр) и се брка да се растопи маргаринот. Кога ќе се растопи и се соедини убаво смесата се трга од оган и се додава 200гр мелени бисквити и 200 гр мелени кикиритки (несолени)...се остава смесата да се излади и се прават бомбици кои се чоколадираат со 200гр чоколадо истопено на пареа со 5-6 лажици зејтин и се увалкуваат во сецкани кикирики или нешто друго по ваш избор...од оваа смеса може да се полнат и силиконски калапи за слатки кои претходно се чоколадираат...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови