Откако нутрибулетот е во мојот дом, утрото ми започнува со смути.
Денес ќе споделам еден едноставно вкусен смути, кој најчесто го приготвувам на моите дечиња...

Јаболкото го чистиме од семки (бидејќи јаболковите семки се штетни за човечкиот организам), го сечеме на парчиња, бананата ја лупиме и ја додаваме на кругови, ги додаваме аронијата, бадемите, орасите и медот, миксираме.
Смутито е подготвено за пиење.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови