Тивата ја чистите од кората и од семките, па ја ставате во сад со ладна вода и МРАЗ/ова е она што е малку поразлично од слатката што се прават со варова вода/, па ја оставате да одстои околу 2 часа. Студената вода и мразот ќе ја направат тиквата тврда.
По 2 часа исцедете ја тиквата и изрендајтеја на КРУПНАТА страна на рендето, па оставете да се цеди се додека не го сварите шербетот.
Шербетот се вари се додека не се добие густина како мед, па онака како што се вари се додава ренданата тиква. Со самото додавање на тиквата, шербетот ке се разреди. Варете се додека не се добие густината на шербетот како за слатко /време на варење околу 1 час со повремено мешање и протресување на тенџерето/.
Околу 15-сетина минуту пред крајот додајте го сусамот кој претходно сте го потпекле да добие златно-румена и сувото грозје и лимонот насечен на кругчиња, а и ако се одлучите за барбарозата, додајте ги ливчињата. Јас во ова слатко не ставам барбароза, некако ми го намалува мирисот на сусамот.
Тргнете го од огнот и оставете да се излади покриено со влажна платнена салвета.
Убаво изладено соберете го во теглиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови