Кондензираното млеко и слатката павлака загрејте ги на тивок оган, па додадете го чоколадото да се растопи и оставете го да подолади.
Во сад за матење пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па потоа додадете ја жолчката и повторно убаво изматете. Додајте ја и стопената смеса со чоколадо, па откако добро ќе изматите, вмешајте ги рачно мелените бисквити и додадете ги лешниците. Во оригиналниот рецепт нема лешници, па ако немате или не сакате не мора да ги додавате. Нека не ве плаши тоа што ќе добиете потечна смеса. Ставете го во фрижидер 1 час, тоа убаво ќе си се здрви.
Откако се стегнала белата смеса, извадете ја од фрижидер и врз мрсна хартија оформете ја во цилиндар со најмалку 30см должина, а ако сакате потенки парчиња, издолжете уште малку.

На пареа или во микробранова растопете го црното чоколадо.
Маргаринот и шеќерот пенасто измиксирајте ги. Додадете го јајцето и повторно миксирајте додека се фино не се спои, па додадете го растопеното и веќе подизладено чоколадо и уште еднаш убаво измиксирајте. Додадете ги на крај мелените бисквити и рачно измесете со рака или пак со потврда алатка за мешање.
Ставете ја и оваа смеса во фрижидер на 1 час. Потоа врз мрсна хартија истенчете ја во правоаголник со должина колку што сте го формирале белиот ваљак. Ставете ја белата смеса на почетокот и завиткајте/обложете ја со црната.
Оставете го ролатот неколку часа во фрижидер, убаво да се здрви.

Совет од изворот на рецептот
*Доколку немате кондензирано млеко, ставете вкупно 90 мл слатка павлака.
**Доколку не сакате да користите свежи јајца, тогаш истретирајте ги предходно на пареа некои 10на мин, па измиксирајте ги со предвиденото количество шеќер и потоа откако ќе изладат измиксирајте ги со маргаринот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани