Се замесува тесто со стасаниот квасец, брашното, солта и зејтинот. Убаво се меси додека се добие мазно тесто и тестото се става да стаса околу 40 минути.
Одкако ќе стаса тестото се дели на топчиња околу 22 топчиња. Секое топче се расукува во мала коричка.
За првата кора се редат 8 топчиња едно над друго и секое измеѓу се мачка со загреана маст.
Исто и за втората кора се прават 8 корички една над друга измеѓу премачкани со маст.
Третата кора се прави од преостанатите 6 корички наредени на ист начин.
Во подмачкан плех се става првата кора. 8те корички се расукуваат во кора со големина на плехот и кората се става во подмачкан плех. Над кората се распоредува половина од филот,  па над филот се става втората кора, па втората половина од филот и на крај третата кора. Сеченцата се сече на коцки, се попрскува со маст и се остава да стаса околу 20 минути. Се пече околу 30 минути на 200степени додека се поцрвени.
Филот може да се менува по желба-кисел купус, спанаќ со јајца, праз..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови