Убава векна, која може да се послужи како ужинка на плажа со зденка.
Предност што не треба да се носи нож со себе, бидејки секое парче си се одвојува одлично.Има многу убав вкус и мирис.

Прво во вангличка се става водата, квасецот и шеќерот, се промешува, се додава едно лажиче брашно. Се соединува и нека одстои 5-10 минути.
Од кога квасецот е втасан се додаваат постепено солта, путерот, јогуртот, белката, па двата вида на брашно.
Се замесува тесто понамеко.
Се остава во истиот сад каде се замесил, се става одозгора 1-2 капки масло, се покрива со чиста крпа и нека кисни 20 минути.
Потоа тестото се преместува на набрашнета маса, се сучи правоаголна кора.
На страна се растопуваат 40 гр путер, се додава оригано и сецкан магдонос.
Може да се стави и буковец или триена сол.
Со оваа смеса се премачкува кората.
Сега се сечи на 5-6 ленти, па на квадрати.
На 5-6 купчиња се ставаат по 5-6 квадрати.
Квадратите се редат исправени во долг калап,како на сликата кој претходно е намастен.
Се остава да кисни 15 минути, па се премачкуува со изматена жолчка, се наросува со сусам и се печи околу 30 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани