Шеќерот, ванилиниот шеќер, јајцето и млекото се матат, потоа се додаваат брашното и пецивото и на крајот кокосот. Се мати па се разделува на 3 еднакви делови. Во едниот дел се става црвена боја, во вториот жолта и во третиот зелена боја.
Крушите се сечат на кругови.
Се полни 1/4 од калапот со смесата со зелена боја.
Се става парче круша(по можност големина колку што е калапот).
Се става од смесата со жолта боја уште 1/4 од калапот и повторно се става парче круша.
На крај се става од смесата со црвена боја уште 1/4 од калапот.
Се печи 15-20 минути на 180 степени.
Откако се готови мафините, се топи чоколадото и мафините се преливаат.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани