Едноставна за подготовка, а одлично оди со парче леб запечено на тостер, кифлички....
Прво се мие леќата и се вари, се внимава да не се превари.И требаат 4-5 минути.
Се става во цедалка да се исцеди.
Танките листови чајна се сецкаат на мали коцки.
Во еден сад се соединуваат павлаката, урдата, ајварот, зачините и се додаваат леќата и чајната.
Се промешува убаво и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани