Сокот од мандарина и лавандата во шербетот му даваат прекрасна арома на овој колач.
1. Јајцата се матат со шеќерот додека да го удвостручат обемот и да станат кремасти.
2. Посебно се мешаат брашното, гризот, пецивото, афионот и полека се додаваат во смесата со јајца. Се меша уште малку со миксер за да се соединат состојките.
3. Смесата се става во подмачкана тава и се пече околу 30-35 мин на 180Ц.
4. Испечениот колач се остава да се олади, се сече на парчиња и се прелева со врелиот шербет. Потоа се покрива со прозирна фолија и се остава шербетот да се впие.
5. За шербетот шеќерот, водата, сокот од мандарина и лавандата се ставаат во сад на оган и се оставаат да провријат. Се додаваат парчињата лимон и се вари околу 5 мин. на тивок оган за да се стопи шеќерот. Потоа шербетот се процедува за да се одстранат цветовите од лаванда, се додава ванила и се прелева врз подоладената раванија.
*шољата е од 240 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови